ВМРО-ДПМНЕ: Штрајкот на просветарите е легитимен, уставно загарантиран, а барањата се оправдани
Вработените во образованието имаат уставно загарантирано право на штрајк.
Вработените во образованието имаат законски основ да бараат повисоки плати согласно колективниот договор.
Просветарите имаат легитимно барање за поголеми плати затоа што стандардот вртоглаво им опаѓа, затоа што инфлацијата во месец март е 8,8%, а за една година лебот поскапе 100%, маслото за јадење 100%, горивата над 70%, струјата 30% и сите животни трошоци од 30 до 50%.
Просветните работници имаат морално право да бараат повисоки плати затоа што власта на СДСМ и ДУИ потроши милиони евра за криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, коруптивни бизниси, но и службени возила, позлатени прибори, режани цвеќиња, фстаци, жардињери, хотелски услуги и какви ли не други непродуктивни трошоци.
Власта знае дека штрајкот на СОНК беше најавуван два месеци пред да се случи. Владата доколку вистински сакаше да најде решение за барањата на просветниот кадар тоа можеше да го направи уште пред почетокот на штрајкот.
Притисоците, заканите и заплашувањата од страна на власта упатени кон просветарите се за секаква осуда. Овие луѓе ги едуцираат и се грижат за нашите деца и заслужуваат достоинствен однос од институциите.
Ново на Сител
-
Дебата во Собранието за намалување на процентот на репрезентативност на синдикатите во ЕСС
-
Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва
-
Муцунски во посета на Париз, фокусот на реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите
-
МВР: 25 земјоделци и 2 претпријатија измамени од вкупно 141.650 евра
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари