Македонија
6. September 2020 - 9:35

ВМРО-ДПМНЕ: Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место

Власта рамнодушно и со паушални ветувања го дочека новиот податокот за високиот број на невработени.

Секојдневно стотици граѓани го губат своето работно место, а Заев смислува кадровски распределби кој на која директорска функција ќе биде во државата од партиските работници, додека Македонија се ближи до економското дно.

Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли додека 40.000 луѓе ново невработени немаат ни за леб.

Во вториот квартал од 2020 година, Македонија бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција.

Заев не знае како да донесе развојна економија.

Брановите на отпуштања ќе продолжат и економијата ќе продолжи да тоне, заради преголемите лаги на СДСМ и изманипулираните граѓани кои веруваа во 500 евра плата и подобар животен стандард.

На изборен поткуп се потроши милијарда евра оваа влада, а ниту стопанството се спаси од криза, ниту граѓаните имаат повеќе пари, единствено само сиромаштијата е зголемена. Заев донесе скапа цена на струја и сиромашен народ.

Бизнисмените молат за помош, лозарите се игнорираат, текстилците се на работ на преживување, а секојдневните масовни протести низ градовите заради зголемување на цената на електричната енергија се вистинскиот лик за оваа влада која нема идеја како да ја води државата.