ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство

По победата на 12-ти април следуваат пакет мерки за инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи капитален проект за дигитализација на културното и уметничкото наследство, со цел истото да го сочуваме од заборавот на времето и да го направиме подостапно за јавноста.
Се обврзуваме на обнова која ќе опфати реконструкција на зградата на Музеј на Македонија согласно современите архитектонски стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе опфати инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии. Ова значи финасирање и системска поддршка за развојот на креативните индустрии во културата како економски ресурс за креирање нови работни места, приходи и одржлив развој.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи делегиран буџет за културните установи. Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните.
Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата. Олеснувањата ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.
ВМРО-ДПМНЕ се бори да има повеќе за секого во државата.
На 12-ти април следува победа на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Република Македонија.
Заеднички со народот ќе се избориме за обнова на Република Македонија и целосна реализација на проектите и мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
