ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата
СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата. Режим чија главна одлика е прогонот на политичките неистомисленици и противници на Зоран Заев. Откако на референдумот власта доживеа вистински дебакл, наместо да ја послуша волјата на граѓаните се реши да се одмаздува на оние кои не дадоа поддршка за капитулантскиот договор од Преспа.
СДСМ ги реализира заканите кои пред референдумот ги упатуваше кон администрацијата, закани за губење на работни места, санкции и казни за сите оние кои не го дадоа својот глас за капитулантското дело на Зоран Заев. Во јавноста се почесто сме сведоци на дисциплински постапки и бракање од работа на вработени во јавната администрација само поради тоа што тие одлучиле да апстинираат на денот на референдумот и да не одговорат на манипулативното прашање кое им го наметна власта.
Административните службеници се казнувани неосновано и спротивно на Законот, спротивно на сите демократски права и начела. Правото на глас е едно од основните западни вредности и тоа мора да биде почитувано.
Изминативе година и половина владеење на СДСМ со државата беа одбележани со еклатантно непочитување на Уставот и законите, а сега владата на Заев не ја почитува ниту волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои беа против или апстинираа од гласањето за капитулантскиот договор со Грција.
Волјата на граѓаните мора да се почитува, а политичкиот прогон мора да запре. Законите и Уставот мора да се почитуваат, а сите локални шерифи на СДСМ кои сега работат спротивно на законите и малтретираат како што велеше Заев од ,,чистачка до директор’’ еден ден ќе одговараат за своето противзаконско работење. Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи!
Ново на Сител
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
-
Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание
-
Мицкоски: Драго ми е што дел од партиите во опозиција се свесни дека треба да се изолираат екстремите
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец