ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ успеа за три години да го урне здравствениот систем
Владата на СДСМ претставува синоним на лага и манипулација.
СДСМ успеа за три години да го урне здравствениот систем.
А, сега пред избори се обидуваат да фрлат трошки. Но заборавија дека граѓаните на Република Македонија немаат кратко паметење. И ги помнат сите ветени но неостварени проекти.
Граѓаните знаат дека СДСМ излажа за покачување на капитација од 55 на 90 денари за матичните доктори, а за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо тоа сега Заев и Венко ги залажуваат со само 8 денари повеќе, што претставува срамота.
Оваа влада е на пат да си замине, а тоа ќе се случи на 12 април. Тогаш граѓаните ќе стават крај на оваа влада која владееше само со лаги. По ова ќе дојде обнова на Македонија и здравствениот систем ќе започне да функционира како што треба.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија
-
Турската компанија Чагатај Кабло отвора нов погон во Бунарџин
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги наруши меѓународните позиции и ја понижи Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот