ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по втор пат го понижи и деградира Собранието
ВМРО-ДПМНЕ преку пишано соопштение истакнува дека Зоран Заев одлучи да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.
- Во вода паднаа најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија за само месец дена. СДС го погази Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Закон за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател, а сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа, се нагласува, претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.
- Изминативе 16 години, во Република Македонија се воспостави една демократска пракса каде се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на влада и закажување на собраниската седница. Ова е простор за јавна дебата и сериозна анализа на владината програма и предложените кандидати за министри. Ова е простор за подготовка на квалитетна дискусија. Како по обичај СДС и Заев оваа демократска пракса ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден, се вели во соопштението.
Се додава дека по сето тоа е јасно дека новата влада не е реформска, туку антиреформска.
- Граѓаните на Република Македонија уште еднаш го видоа вистинското лице на СДС. Тоа е лицето кое ветува најмногу 20 министри, а предлага владин кабинет од 26 функционери, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека ниедна лага не трае вечно.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија