Македонија
22. March 2021 - 14:08

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ организира избори преку злоупотреба на државни ресурси за партиски цели

Брутална злоупотреба на државните ресурси за устоличувањето на деспотот во СДСМ, училниците наместо за учење во државава се користат за партиски избори

Видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели.

Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање.

Морбидно е во ден со 25 жртви од корона, СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори.

Синоќа за време на полициски час Заев држеше прес, а народот плаќа казни за неносење маска.

Следи ли казна за партиските војници на СДСМ кои евидентно синоќа го прекршија полицискиот час?

За граѓаните е поважно што 60 илјади лица останаа без работа за една година, од тоа што толку лица наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на севернокорејски владетел беше единствениот кандидат на владејачката партија.

СДСМ вчера само глумеше непосредни, демократски избори за избор на лидер на партијата на кои никој од СДСМ не смееше да му се спротивстави на Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ