ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата

Дали Петре Шилегов ќе го видиме како сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка?
Во загубена Република Македонија предводена од Зоран Заев нема да не чуди и тоа да се случи.
Зоран Заев, централната и локалната власт со месеци најавуваа дека ќе се борат против дивоградбите и дека ќе ги отстрануваат. Но, сведоци бевме како градоначалник од владејачкото мнозинство свечено ја отвори дивоградбата во центарот на Охрид кај чинарот, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини.
Во ваква апсурдна ситуација единствен заклучок е дека СДСМ јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата, затоа што позади нив се кријат политички и бизнис интереси на власта.
Самобендисаноста и ароганцијата на СДСМ оди до таму што не ја презентираа вистинската и реална ситуација во Охрид, а тоа е бидејќи не беа способни да ги спроведат препораките на УНЕСКО.
Ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, ова го тврдат и медиумите, експертската јавност и невладините организации кои сериозно и будно го следат проблемот со охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.
Нејасно е и зошто со предложениот закон се предвидува во советот за охридскиот регион да биде именуван член од Министерството за политички системи и тоа тело одлуките да ги носи според Бадентерово мнозинство. Класично политизирање со културното и природно наследство на Република Македонија.
Ова е уште еден показател дека Заев е подготвен на политички пазар за се во државата па дури и за природното и културно богатство на Република Македонија. СДСМ и Заев мора што побрзо да си заминат за може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на државата.
Ново на Сител
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
