ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја доведе Македонија во национална катастрофа
Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија се наоѓа во безизлезна ситуација, потоната во кризи во која граѓаните се повеќе осиромашуваат. Стандардот од ден во ден опаѓа, а криминалната влада покажа дека нема ниту решенија, а ниту способност да го запре тонењето на државата, напротив тие ја доведоа Македонија во национална катастрофа.
Наместо да растат плати, расте криминалот, расте корупцијата, расте инфоацијата и расте немаштијата. Оваа влада која стана креатор на кризите не може да биде решението за излез од нив, а Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет предлози за излез од кризите и оваа тешка состојба во која западнаа државата и македонските граѓани. Предлагаме четири тима во најкритичните области економијата, надворешната политика, здравство и образование. Тие тимови про боно ќе помогнат да се најдат решенија за проблемите на граѓаните се до предвремените парламентарни избори за излез од политичката и економската криза.
Сега не е време за терање инает, туку време за одважување и ставање на државните интереси пред партиските. Токму затоа СДСМ и Ковачевски треба да ја прифатат оваа понуда на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку Ковачевски не може да донесе одлука, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг.
Македонија и граѓаните мора да излезат од кризата и сиромаштијата. Затоа итно се неопходни промени кои единствено ќе дојдат преку предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
