ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки
СДСМ и ДУИ да прифатат намалување на акцизата за горивата за 50%, потребни се реални мерки.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ преточен во законско решение во вторник ќе биде на дневен ред во собрание. Законското решение предвидува намалување на акцизата за горивата за 50%, што ќе биде реално намалување на вкупната цена на горивата.
Цената на горивата со СДСМ во последните година ипол е зголемена и за над 100%. Во април 2020 година литар дизел се продавал по цена од 46 денари, додека сега се продава по цена од 97 денари. Иста е ситуацијата и со бензинот, во април 2020 година литар се продавал по цена од 48 денари, за сега да се продава по цена од 93 денари.
Последната година ипол цените на горивата поскапеа како никогаш до сега. И сето тоа е во голема мерка и поради зголемената акциза.
Владата е виновна за високата акциза, зошто веќе 5 години ја зголемуваат, што донесе до огромни загуби кај превозниците, транспортерите, земјоделците и граѓаните во целост.
Владата да се ослободи од дневниот популизам, и да прифати мерка која е од корист за граѓаните.
СДСМ и ДУИ 5 години ги ограбуваат граѓаните преку големата акциза.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
