ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го достигна врвот на лицемерието, Заев аплаудираше кога се палеа фотографии од претседателот Иванов
СДСМ го достигна врвот на лицемерието и потценувањето на јавноста. Пред неполни две години Зоран Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од Претседателот Ѓорге Иванов. Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека палењето на фотографија на премиерот Зоран Заев на протестите во Австралија, било недемократски чин.
-Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт. Напротив, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси. Срамно, дури и за СДСМ, се вели во реакцијата.
Од опозициската партија нагласуваат дека граѓаните го паметат насилничкото и недемократско однесување на Заев. Македонскиот народ си ја сака Македонија и затоа оваа антидржавна и ненародна власт мора да замине.
Во прилог следуваат фотографии и видеа од однесувањето на врвот на СДСМ.
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“