ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ единствено знае да спроведува политика на деструкција

СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на Зоран Заев, а заедно со Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на жичарница на Водно, се наведува во пишаната реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски.
- Тие се противеа на изградбата на арената Филип Втори, најавувајќи дека таа ќе се сруши, на изградбата на Плоштад Македонија кој носи неколкукратно повеќе туристи во главниот град, ти беа против изградбата на новиот објект на Македонскиот народен театар кој сега ги има најмодерните услови за сценски изведби на балканот и пошироко, факт кој е признаен од сите театарски работници во регионов и пошироко и беа против изградбата на Музејот на македонската борба и десетици други градби кои се места што се препорачуваат во странски списанија и кои ги посетуваат илјадници туристи, се истакнува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ и Сорос не се очекува ништо друго освен насилство, палење, ограбување на институции и деструкција. Затоа, велат тие СДСМ - Сорос ќе бидат катастрофално поразени на следните избори.
Ново на Сител
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
