ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против фактите и вистината

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ ги губи изборите во изминатите десет години поради агресивно однесување против фактите и вистината.
Според ВМРО-ДПМНЕ, раководството на СДСМ ја претворило партијата во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.
- Криминалците во врвот на СДСМ не сакаат граѓаните да ја знаат вистината. Мислат дека така ќе го сокријат криминалот и ќе ја избегнат правдата. Затоа криминалците во врвот на СДСМ наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари кои не се под контрола на СДСМ/Сорос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Наведуваат имиња на нападнати новинари во изминатиот период, и посочуваат дека „ниту Здружението на новинари на Македонија, ниту соросовите невладини не реагираа кога биле напаѓани физички и со напади по живот оние новинари кои не ги исполнувале нарачките на Бихаќка и оти со молк ја одобрувале агресијата кон новинарите. Тие, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, се очигледно соработици во криминалот на СДСМ.
- Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10:0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
