-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дојде на власт со ветување за 100.000 денари плата за лекарите, а таа не е ниту 50.000 денари
-->
СДСМ дојде на власт со ветување за 100.000 денари плата за лекарите, а таа не е ниту 50.000 денари.
СДСМ не само што не ги покачи платите на лекарите, туку и секој месец се повеќе лекари и медицински персонал си заминува од Македонија.
Прво што направи СДСМ кога дојдоа на власт е напуштање на проектот за клинички центар во Скопје, со кој Македонија ќе имаше модерен клинички за 120 милиони евра со обезбедени финансии и проект.
Клиничката болница во Штип е запрена со изградба, а нема инвестиција во ниту една болница низ државата.
СДСМ не направи ништо за здравството. СДСМ ќе остане запаметен само по матните тендери, провизиите од вакцини, крвавите тендери, недостатокот на инсулин и рекетот на Ден Дончев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп