ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема капацитет да направи нешто за социјалните работници
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на Мила Царовска од СДСМ оценувајќи дека е срамно и лицемерно оваа партија да зборува за социјалната заштита затоа што во времето кога биле на власт не направиле ништо за подобрување на системот на социјална заштита.
- СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници и социјалната заштита. СДС само сака медиумски да го сврти вниманието на јавноста од распродажбата на државните и националните интереси на Македонија од страна на нивниот лидер, Зоран Заев и целата криминогена врхушка во врвот на партијата, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во изминатиот период реализирани се многу проекти со кои е подобрен системот на социјална заштита, а во центрите за социјална работа вработен е соодветен кадар и функционални стручни тимови.
- СДС треба да го слушне гласот на народот и наместо прес-конференции за дефокус на јавноста заедно со локалните избори да распише и предвремени парламентарни избори, како директно ќе слушнат што мислат граѓаните за нивната намера за разнебитување на државата, кое се обидоа да го дефокусираат под превезот „за живот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат