ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Владата ја загозуваат евроатланската перспектива на Македонија
Социјалдемократскиот сојуз, нивното парламентарно мнозинство и Владата на Република Македонија ја загрозуваат евро-атланската перспектива на Република Македонија.
Со продолжените постапки на политички реваншизам, политички прогон и провокации кои не одат во насока на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, СДСМ јасно покажува дека ним не им е приоритет ниту европската агенда, ниту реформите во државата, ниту економијата, ниту стандардот на граѓаните.
Единствено нешто што СДСМ го интересира е да си ги запоседнат фотељите однесувајќи се раскалашено, а своето незнање, неспособност и афери да го покриваат со политички прогон и реваншизам.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со свои активности ќе стори се што е во нејзина можност да и покаже на јавноста дека СДСМ не ја интересира ништо друго освен да биде власт без опозиција и без никаква контрола.
СДСМ покажа дека не сака да има опозиција ниту во Собранието на Република Македонија, ниту во државата. Нивната неодговорност е видлива и е плод на опиеноста од власт. Тргнаа по погрешен пат кој ќе и нанесе лоши последици на целата држава и на сите нејзини граѓани.
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок
-
Американскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина
-
Русија и Украина разменија по 90 затвореници
-
Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер