ВМРО-ДПМНЕ: Роберт Поповски и Самка Ибраимовски не поднеле пријава во ДКСК

Двајца министри од владата на СДСМ Роберт Поповски и Самка Ибраимовски немаат поднесено пријава за својот имот до Државната комисија за спречување на коруцијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Светлана Колариќ на прес-конференција посочи дека тоа, согласно законот, претставува казниво дело.
- Тие демонстрираат безаконие, но она што повеќе ја интересира јавноста е зошто го кријат својот имот и колку имаат заработено под услови на наводен режим? Дали во моментот прават префрлање на богаството на други лица со цел да не се дознае нивниот имот, праша Колариќ.
Според неа, од она што досега е објавено се гледа дека новата влада на СДСМ е составена од милионери кои своето богатство го имаат стекнато за многу кус период.
- Се уште нема одговор како вицепремиерот Кочо Аѓушев стигна да се стекне со капитал од над 28 милиони евра лично богатство? Како под наводна диктатура Анѓушев заработил пет стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики, праша таа.
Како премиерот Заев, додаде Колариќ, под услови на наводен режим според лично признание заработил шест до седум милиони евра богатство. - Како Заеви од просечно земјоделско семејство дојдоа до фирми кои за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра, праша таа.
Ново на Сител
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
