ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е ретка можност партиите да се обединат околу државните интереси
ВМРО-ДПМНЕ водена од националните и државните интереси до Собранието ќе поднесе Резолуција со која јасно ќе се дефинираат позициите на Македонија по однос на идентитетските обележја кои се предмет на негација. Ова е ретка можност партиите да се обединат околу овој консензус кој веќе е изграден во општеството. Имено Резолуцијата не е партиски текст, туку е темелена на дефиниции и позиции на општествени, научни и образовни авторитети како МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА. ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со сите политички субјекти, затоа што смета дека Македонија мора да има изградено цврсти позиции, особено ако се има предвид дека Бугарија веќе има резолуција за Македонија.
Загрижуваат ставовите на владејачките СДСМ И ДУИ за неприфаќање на ваква Резолуција, бидејќи со тоа се остава простор за сомнеж дека се подготвува пазарење со идентитетот, јазикот и историјата. Истовремено одењето против ваква Резолуција истовремено е спорење на аргументите и позициите на МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА, што би преставувало опасна политизација на нешто кое е темелено на наука.
Тоа што криминалот е приоритет на власта е општо познато, но очекуваме оваа тендер коалиција барем еднаш да се одважи и да ја стави Македонија, пред парите и криминалот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
