ВМРО-ДПМНЕ реагира на разрешувањето директори на клиники

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на разрешувањето на повеќе од 60 директори на клиники и здравствени установи, лица кои, како што истакнуваат, се професионалци во својата област.
- Директорот на Клиниката за уво, нос и грло Јане Нетковски јавноста го виде како е апсен за мито и му беше поднесена кривична пријава. Новиот пак прв човек на скопска Пулмологија, Дејан Докиќ е лице со судска пресуда за примање поткуп во висина од стотици евра кои биле пронајдени кај него, со цел да издејствува преглед на пациент. Прашање на време е кога здравството во Република Македонија ќе западне во тотален хаос и безредие, изјави претпладнево Дарко Костовски пред Клиниката за пулмологија и алергологија.
Според него, СДСМ ја деградира медицинската професија во Република Македонија и ги омаловажува сите лекари кои чесно и одговорно си ја вршат својата работа и должност.
- Поради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните, истакна Костовски.
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
