ВМРО-ДПМНЕ: Притворањето на Јанева е договорен театар

Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев.
Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали.
Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка.
Зоран Заев е премиер, во Република Македонија целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени. Изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот.
Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем.
Замешателството на Заев е главната причина и поради која Јанева беше на слобода со месеци, иако доказите за неа Русковск ги има уште од април.
На Јанева и беше оставено простор да го преформатира телефонот, да оди во странство и да влијае врз сведоци.
Привилигираниот третман на За другарчињата на Заев како Јанева важат едни правила, а за обичните луѓе други. Вилма Русковска , истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му.
Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот.
Правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
-

Тотенхем ќе купува кај Манчестер Сити
