ВМРО-ДПМНЕ: Пресвртот за кој говори Спасовски се вика економски пропаст
Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа.
Спасовски е најдобар пријател на криминалците во Македонија, а пресвртот се вика пад на индустриското производство од 5,9%.
Со Спасовски и Заев блеска само корупцијата во Македонија. Криминално рекетарската власт предводена од СДСМ ја смести Македонија на 106 место по корупција на Транспаренси Интернешнл во друштво на Монголија и Брег на Слонова коска.
Пресвртот на Спасовски го потврди и угледниот весник „Економист“ кој ја смести Македонија во земји кои немаат демократија туку хибриден режим. Тоа е така затоа што во Македонија не владее правото туку владеат криминалците и рекетарите.
За резултатите на СДСМ во економијата говори фактот дека над 500.000 граѓани во Република Македонија не можат да си дозволат корка леб, над 70% земаат плата помала од просечната.
Додека Спасовски ги лаже граѓаните за некакви си економски резултати, реалноста е дека во три години ништо не сработија, а постојано се задолжуваат. Долгот со СДСМ ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а во меѓувреме не е реализиран ниту еден капитален проект кој ќе значи развој на државата.
Со Спасовски и Заев единствено пресврт добија кланот Заев и нивните најблиски соработници кои ги добија сите тендери, грантови, а од поново време и лиценци за марихуана.
Од СДСМ граѓаните добија само беда, сиромаштија, порази и понижувања. Заев и СДСМ се виновни за поразите и пропаста на Македонија, затоа после 12 април заминуваат од власт и ќе одговараат пред законите. Зоран Заев никогаш повеќе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции