ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат изборниот фалсификат
Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните. Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине. Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта.
Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателси избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот.
Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.
Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето’’. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субвенции.
Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.
Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата?
Дали можеби клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада?
Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО- ДПМНЕ.
Предвремените парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој сме сигурни дека СДСМ го припрема со оглед на начинот на кој што беше спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година. Техничката влада ќе ги спречи ,,брзите’’ гласачи кои ,,гласаат’’ на секои 2,4 секунди, полнењето на кутии и поткупот на гласачи и секаков вид на изборни нерегуларности во очи на претседателските избори и на денот на изборите.
Ново на Сител
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите
-
Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
-
ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти
-
Излезноста до 15 часот во Дебар, за претседателските избори 15 отсто, за парламентарните 23 отсто
-
Излезноста до 15 часот за претседателски избори е 32,28% , за парламентарни 36,89
-
Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти
-
Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден | ВИДЕО
-
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија