ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени избори час поскоро
СДСМ е на прав пат Македонија да ја втурне во провалија. Заев и екипата околу него се на прав пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат.
СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица.
СДСМ е на прав пат да го уништи земјоделието. Со СДСМ на власт родот наместо на пазар завршува на буниште.
СДСМ е на прав пат да го колабира здравството. Министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев.
СДСМ е на прав пат да го осакати образованието. Учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници.
СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи.
СДСМ е на прав пат за во опозиција. Предвремени избори час поскоро. Граѓаните ќе му го покажат патот на СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев