Бизнис
21. November 2016 - 16:48

ВМРО-ДПМНЕ предвидува пакет мерки за рестартирање на стопанските капацитети - жртви на транзицијата

Финансиска поддршка за инвеститорите кои ќе ги рестартираат некогашните стопански капацититети – жртви на транзицијата,  најави лидерот на владејачката партија Груевски..  Пакетот предвидува по 2,000 евра за секое новоотворено работно место, а за секој вработен стечаец по 4.000 евра. Инвеститорот ќе треба да  го задржи  работникот на работа  минимум 5 години.  Покрај ова,  за купувачите се предвидени  и други поволности.

- Финансиска помош, за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема, во износ од 10% од инвестираната вредност, максимум  500.000 евра.-Ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години. -Обезбедување на обуки, прекфалификации и професионално усовршување и други поволности.Сето ова е предвидено да биде на терет на државата, за доброто на граѓаните кои се жртви на транзицијата од 90-те, изјави Никола Груевски

Со овај прокет ќе бидат опфатени голем број фабрики како Хемтекс, Центро, Дел од МЗТ, Млаз Богданци, Јака Радовип, Фринко Битола, Винка Виница, Кимико, Амак СП, Жито Вардар и  други, а  поебен фокус ќе биде ставен на 9те  фирми од Куманово, грда кој  беше посебо погоден  од транзицијата. Со овој проект се очекува рестартирање на голем дел од некогашните капацитети и враќање на работа на дел од избрканите  работници. Груевски најави уште еден капитален проект – изградба на рурални развојни зони -  каде се предвидуваат даночни и други ослободувања слични за компаниите кои работат во слободните зони. За руралните зони  ќе можат да се во над 1,650 села во Македонија, општините до 10 илјади жители и  оддалечени места на 5 километри надвор од центарот на Скопје. Државата ќе покрива 20% од инвестицијата и 2,00 евра за секое новоотворено работно место, а 4 илјади евра за вработување стачајци

Овој проект ќе се применува 5 години, откако ќе бидат усвоени законските измени,. Компанијата која ќе го случи договорот, ќе мора во наредните 3 години да го изгрди капацитетот .