ВМРО-ДПМНЕ предложи поништување на одлуката за нови имиња на улиците и плоштади во Скопје
На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната трета седница со 24 гласа „за“ и 19 „против“ на дневниот ред ја додаде и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“.
– Тоа е одлука која што е донесена од претходниот состав и пред изборите и тоа се коси со одредени законски процедури и истата е заглавена во Централниот регистар на Република Македонија. Освен тоа што е донесена несоодвентно и во несоодветно време, според информациите со кој што располагаме, истата има и низа неправилности т.е. недоречености и фали извесна документација за ова одлука. Од овие причини барам овој дневен ред да се надополни и со ова точка како би можело да се исправат сите недоследности во носењето и процедурите на веќе донесената одлука, рече советничката Адноновска.
На овој предлог реагираше поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева од СДСМ, кој побара поименично гласање за овој предлог за измена на дневниот ред.
– Прво имам забелешка затоа што не е побарано итност, зошто е итна точка. Второ со Одлука за поништување на одлука не се поништува одлука за носење на улиците, тоа е деловнички прекршок тоа треба да му се укаже на претседателот, рече советничката Јанчева.
Мнозинството на советници во Советот на Град Скопје, го сочинуваат советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците.
Ново на Сител
-

Почнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала
-

Напади во повеќе земји на Блискиот Исток и покрај објавеното примирје
-

Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
-

Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин
-

Израел се придружува кон двонеделниот прекин на напади врз Иран, но Либан е исклучен од примирјето
-

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество
-

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнале двајца вработени во АД „Бутел“ со боксирачи и ножеви
-

Како Пакистан помогна во обезбедувањето прекин на огнот меѓу САД и Иран
