ВМРО-ДПМНЕ предлага одлуки за олеснување на животот на поплавените

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе предложи да се усвојат неколку одлуки за погодените граѓани од поплавата од 6 август годинава.
Слободанка Трајковска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, рече дека првата одлука со која ќе се продолжат активностите за санација на штетите е воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општина Гази Баба, заради изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во општина Гази Баба.
- Со оваа одлука Град Скопје ќе издвои 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра за реконструкција и санација на улиците кои беа оштетени од поплавите во неколку населени места во Гази Баба, рече Трајковска.
Таа информира дека жителите од поплавените места ќе бидат ослободени и од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање комунален отпад, како и од надомест за користење на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за август, септември и октомври годинава.
- Овие одлуки сметаме дека значително ќе придонесат за нормализирање на целокупниот живот на населението и стопанските субјекти, кои беа зафатени од катастрофалните временски неприлики во кои беа настанати огромни материјални штети, рече Трајковска во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Град Скопје, како што нагласи, со сите свои сили и капацитети со кои располагаат и понатаму ќе работат на надминување на штетите и состојбите предизвикани од катастрофалните поплави.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
