Македонија
12. February 2020 - 19:08

ВМРО-ДПМНЕ пред одлука да го напушти Парламентот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислува да го замрзне своето учество во работата на парламентот бидејки не бил испочитуван политичкиот договор за распуштање на Собранието на 12 февруари за изборите на 12 април. Најавата стигнува од лидерот Христијан Мицкоски откако предлогот на неговата пратеничка група за распуштање на Собранието денеска не беше ставен на дневен ред.

-Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме собранискиот спикер го врати назад предлогот на ВМРО-ДПМНЕ бидејки во него не било користено уставното име на државата. Но, во парламентот се уште постои предлогот токму на Џафери кој планира парламентот да се распушти најдоцна до недела.

Распуштањето на парламентот го одоговлечи законот за јавно обвнителство. Тој се уште ги ги чека 80-те пратенички гласови за да биде донесен откако денеска заврши дебатат по него во комисијата за европски прашања по што треба да се најде на пленарна седница.

-Сега се двата закони во рацете на претседателот на собранието, кој што откако ќе потврди дека имаме двотретинско мнозинство, кое што јас верувам дека веќе го имаме, ќе ја свика пленарната седница да се изгласаат и овие два закони, изјави Груби.

Министерката за правда ги отфрли обвинувањата дека законот ќе се овозможи одбегнување евентуална кривична одговорност кај функционери на власта..

-Ова не е закон за аменстија, ова е закон за создавање на ефикасни механизми за борење против криминалот и корупцијата. Неселективно, без оглед од кого потекнува. Жал ми е што вие не се приклучивте во таа борба, жал ми е што вашите барања беа постојано за прекин на постапките на СЈО и цела година бевме соочени со опструкција од ВМРО-ДПМНЕ во процесот на носење на законот, вели Рената Дескоска, Министер за правда. 

Комисиската расправа заврши без прифаќање на единствениот амандман поднесен од Алијанса за албанците, па неиЗвесна е поддршката од тројцата пратеници на Села за законот за Јавно обвинителство..