ВМРО-ДПМНЕ: Правото да важи еднакво за сите
Македонија нема да биде демократска земја се додека се притвараат луѓе само заради тоа што имале храброст гласно да го кажат своето мислење и јавно да се спротистават на политиките со кои не се согласуваат. Во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи.
Кривичниот суд надвор од секоја правна логика им ги продолжи притворите на дел од осомничените за настаните од 27 април. Судот наместо да одлучува врз основа на фактите, реши да ги задоволи неаргументираните барања за продолжување на притворот од страна на ЈО кое конструира политички мотивирани истраги.
Во ниту една друга држава во демократскиот свет уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и истакнати граѓани не се жртви на монтирани судски случаи само затоа што изразиле незадоволство од одредени политики. Правото во Република Македонија е сериозно девалвирано. Институциите се претвораат во алатка за пресметка со сите кои не мислат исто како власта.
Демократијата и владеењето на правото мора да се вратат. Институциите мора да функционираат за потребите на граѓаните, а не за потребите на елитата на власт. Република Македонија мора да биде правна држава, во која ќе се почитуваат основните човекови права.
Неосновано притворените за настаните од 27 април се лишени од основните права во постапката. Презумпцијата на невиност како основен принцип на кривичната постапка е прекршена. Тоа го потврди и Народниот правобранител. Полицијата ги пречекори овластувањата, судовите одлучуваат по конструирани обвиненија, а кршењето на законите продолжува и во притворските установи.
Оваа злоупотреба на институциите не смее да продолжи. Правото мора да важи подеднакво за сите. Граѓаните на Република Македонија тоа го заслужуваат. Политичкиот прогон мора да престане.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово