Македонија
10. јуни 2023 - 16:33

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто е разрешен медицинскиот, но не и организацискиот директор за иста одговорност на Кардиохирургија

Како матичен лекар кој никогаш не работел во терциерно здравство е поставен за директор на Клиниката за Токсикологија, го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ министерот за здравство. Од најголемата опозициска партија бараат Меџити да им одговори зошто е разрешен само медицинскиот на кардиохирургија поради злоупотреби со дежурства а не и организацискиот, кога имаат иста одоговорност.

- Разрешува директори, а јавноста не е информирана која е постапката за разрешување и назначување на нови директори. Врз основа на кои критериуми во последниве 10 дена додека ја замајуваа јавноста дека ќе ги разрешел организациските директори, набрзина се назначени три нови организациски директори, и тоа на Клиниката за гастро, кардиологија, Институт за туберкулоза и белодробни болести и најава има дека има четврт организациски директор, изјави Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот Јовев една недела ја бранува јавноста откако Меџити го разреши кардиохирургот од директорката позиција поради како што кажа злоупотреби, кои ги констатирала Комисија која лично ја формирал. Првиот човек во здравството не го објави јавно извештајот за неправилностите, но речиси во секој негов настап пред медиумите вели дека ќе ги разрешел сите што не работат законски.

- Ние на Неврологија велите ова се транзиторни, минливи функции, така да никој тука нема да биде бесмртен. Ниту јас, ниту други ниту директорите пак, вели Фатмир Меџити министер за здравство.(05.06.2023)

По разрешувањето на Јовев, на кардиохирургија се уште не е назначен нов медицински директор.