ВМРО-ДПМНЕ: Потрошени 320 милиони евра наместо да се изградат детски клиники

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата предводена од СДСМ дека непродуктивно потрошила 320 милиони евра кои можела да ги искористи за изградба на 45 детски клиники.
- Отворањето на повеќе нови детските клиники, дополнително ќе го зголемеше и квалитетот на здравствените услуги во Република Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата ги занемарила барањата и потребите на граѓаните и поради недомаќинското работење ја довела државата пред банкрот. - СДС ја повлече економијата по надолна линија. Прв пат после 10 години имаме пад на просечната плата за 0,7 процени а имаме и пад на индустриското производство за 2,2 проценти. Стагнирање во економијата кое се случи под палката на СДС, значи и помалку нови-работни места, 100 милиони евра помалку странски директни инвестиции во јули 2017, за разлика од истиот месец 2016 година, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
