ВМРО-ДПМНЕ: Последиците за државата од Тиранската платформа се несогледливи

Последиците по однос на државата од реализирање на Тиранската платформа ќе бидат несогледливи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи малцинска влада на СДСМ и да гласа се од нивната програма, само за да се откажат од Тиранската платформа, повторно порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
- Целта за растурање на Македонија не е нова, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон. Доколку сепак е спремен на се, само да ја реализира платформата од Тирана, нека излезе со неа како своја изборна програма на избори пред граѓаните за народот да му каже што мисли, рече Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција.
Тој нагласи дека Заев одработува туѓи агенди на штета на Македонија соочен со своите и криминалите на своите соработници.
- Волјата на мнозинството Македонци не смее да биде игнорирана. Тие гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, потенцира Данев.
Нагласи дека Заев е „заглавен до гуша во криминал“, фатен како бара пари во случајот „Поткуп“, фатен во случајот „Пуч“, замешан во криминалот со „Цареви кули“ и замешан со сериозни изборни криминали со цел лажирање на изборите.
- Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање Влада по нотите од Тирана. Затоа замижува и го одобрува однесувањето на Зијадин Села кој бара менување на знамето и химната, го негира постоењето на македонскиот народ и најавува бркање од работа на Македонците, посочи Дане
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
