ВМРО-ДПМНЕ: Поповски нема кредибилитет и право да зборува за слободни и стабилни медиуми

Министерот Роберт Поповски нема кредибилитет и право да зборува слободни и стабилни медиуми.
Една година апатија и колективна запуштеност во медиумскиот простор. Не направија ниту еден чекор за повисок стандард и квалитет во работата.
Слободно после речиси една година владеење може да се каже дека тој со своето дејствување нема никаков придонес во слободата на медиуми. Напротив, освен бенефитот на шеесетина платени партиски војници во владата, нема никаква конкретна придобивка за новинарите функционирањето на неговото министерство.
Во таа една година се случи вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев да врши брутални закани врз новинар само затоа што поставил прашање, а пак друг новинар е дисциплиниран во министерството за надворешни работи само затоа што се обидел да постави прашање кое не му се допаднало на министерот.
Слободната мисла е загушена, а новинарите како и остатокот од граѓаните не живеат подобро, ниту пак имаат подобри услови за работа.
Голиот популизам на Поповски не ги решава проблемите на новинарската фела, каде главно е чувството на страв. СДСМ со медиумите владее со вметнување на страв.
Да не се заборави дека исто така медиумите се под удар на политички обвинителски процеси со кои раководи врхушката на власт, и тоа се забележува во повеќе релевантни извештаи.
Оваа Влада не го слуша гласот на граѓаните, а нејзиниот приоритет е голиот популизам и лажната транспарентност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
