ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи, СДСМ, ДИУ и ДПА не одат на избори

ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија (ДИК) синоќа поднесе листи со имиња на кандидати за пратеници, за предвремените парламентарни избори закажани на 5-ти јуни. Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.
Листите со имињата на кандидатите во ДИК ги поднесоа претставници на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е носител во првата изборна единица, во втората министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во третата координаторот на пратеничката група, Илија Димовски. Носител на листата во четвртата изборна единица е министерот за здравство, Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски, а пратеникот Влатко Ѓорчев во шестата изборна единица.
Како што изјави претседателот на УМС, Владимир Неловски, според ВМРО-ДПМНЕ, исполнети се сите услови за фер и демократски избори.
До ДИК вчера листи со кандидати поднеле и партијата Народно движење за Македонија (НДМ) на Јанко Бачев и Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски.
Според Роковникот за извршување изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, синоќа на полноќ истече рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.
По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.
Ново на Сител
-

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност
-

Мачадо му ја подари Нобеловата награда за мир на Трамп
-

Фалангата со Македонска песна по 2 400 поминати километри со автобус стигна во Данска
-

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка
-

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
-

Свечена заклетва на новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес
-

Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска
