ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада, но да ја предводи заеднички прифатлива натпартиска личност
ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада фоколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори.
Ова го посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиска реакција на изјава на Стефан Васев од СДСМ, а по изнесениот став на премиерот Зоран Заев дека сака да отвори дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата.-
-Очигледно е дека Васев не е запознаен со последната изјава на неговиот шеф. Го советуваме Васев да прочита по медиумите што неговиот шеф Зоран Заев бара. Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада. Заев денеска потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија. Наместо Васев да дава празни изјави и да обвинува, нека погледне во неговата партија што се случува, а потоа да говори, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци