ВМРО-ДПМНЕ: Партијата која затвори 684 фабрики зборува за поддршка на фирмите
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на најавите на СДСМ за мерките за отворање фирма оценува дека ветувањата на оваа партија се лицемерни.
- Партијата која затвори 684 фабрики и остави на улица 200.000 работници, сега зборува за поддршка на фирмите во Македонија, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во изминатиот период во континуитет му се дава поддршка на македонското стопанство и оти досега преку кредитната линија на ЕИБ се обезбедени 350 милиони евра со кои биле поддржани околу 6.000 проекти и околу 7.000 работни места.
- Благодарение на позитивните економски политики се овозможија поволни кредити и грантови за самовработување. За микро и малите претпријатија се предвидени поволни кредити од 3.000 до 12.000 евра со 1 процент камата и една година грејс период за враќање, а за истите мали и микро фирми се овозможени и 1.500 евра грант за секое работно место кое може да се искористи до 5 вработени лица, се вели во реакцијата и се додава дека Македонија е земја со најниска ефективна даночна стапка во светот.
Резултатите од економската политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се видливи, односно невработеноста е намалена на 23,4 отсто, Македонија е на десеттото место во светот во извештајот на „Дуинг бизнис“ и е најдобра во Југоисточна Европа за отпочнување на бизнис.
Ново на Сител
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата