ВМРО-ДПМНЕ: Парите наместо кај граѓаните завршуваат кај врхушката на СДСМ

Реакција на соопштението на СДСМ
Парите наместо кај граѓаните завршуваат кај Зоран Заев и врхушката на СДСМ.
Популистичките мерки како Мој ДДВ се само уште еден начин и манипулација со кој СДСМ преку превезот „ги враќаме парите кај граѓаните“ дополнително се богати.
Реалноста ни говори дека околу 5 милиони евра ќе завршат кај 2 милиони граѓани, а речиси 50 милиони евра ќе завршат кај Зоран Заев и функционерите околу него.
СДСМ во јули ветуваше дека до крај на годината ќе се вратат 50 милиони евра, а сега гледаме дека за три месеци вратени се само 2,6 милиони евра. Што значи дека до крајот на годината ќе се вратат само 5,2 милиони евра од предвидените 50 милиони евра.
Во чии функционерски џебови ќе завршат преостанатите 44,8 милиони евра?
Каде ќе завршат и дополнителните 5 милиони евра кои се предвидени со ребалансот, а кои очигледно нема да завршат кај граѓаните?
Ова значи дека секој граѓанин ќе добие во просек по 2,5 евра до крај на годината, а Заев и неговата банда ќе си поделат 49,8 милиони евра.
Дополнително на ова власта ги зголеми даноците, ја зголеми акцизата на горивата и секојдневно им ги зголемува давачките на граѓаните, со што уште повеќе ги осиромашува.
Заради криминалната СДСМ над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.
Заев и СДСМ покажаа дека единствено се грижат за себе и немаат намера да донесат подобар стандард за граѓаните и подобра економија за Република Македонија.
Затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа криминална власт си замине и започне обновата на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
-

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба
