ВМРО-ДПМНЕ: Отворените случаи на СЈО се политички конструкции
ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите отворени случаи на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции и немаат врска со правото.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред СЈО рече дека обвиненијата по истите се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.
Според него СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, а целта на постоење на СЈО e креирање материјал за оцрнување на ВМРО од страна на медиумите под контрола на СДС.
- Не може да има докази затоа што нема криминал. Се е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар против правна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист, рече Костовски.
Додаде дека ова не е право и правда и ниту има каква било допирна точка со правото и правдата.
- СЈО е обична политичка алатка со ограничен рок на траење. СЈО и сите субјекти во државата треба да знаат дека правораздавање во Република Македонија се врши согласно Устав и закон, во правична и законска постапка, секое постапување кое е во спротивност со овие стандарди значи кривично дело, за кое се одговара согласно закон и од тоа неможе да избега никој, иако тоа од денешен агол да му изгледа далечно и недостижно, рече Костовски.
Ново на Сител
-
Републиканката Луна бара портрет на Трамп да се постави на планината Рашмор
-
Уапсен хирург од битолска Клиничка болница за примање поткуп
-
Дваесет македонски компании реализирале извоз од над пет милиони евра преку Лидл Северна Македонија
-
Петковиќ: Србија на чело со Вучиќ никогаш нема да го признае Косово
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Гајре - Попова Шапка
-
Се поголема поддршка за иницијативата за бојкот на продавниците
-
ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
-
Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка