ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром го дише најзагадениот воздух во земјава, а државава е на шесто место во светот по нечист воздух
Почитувани, вчера и денес општина Аеродром го дише најзагадениот воздух во земјава, а државава е на 6то место во Светот по нечист воздух. Жителите на општина Аеродром го имаат најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи општина со најзагаден воздух буквално преспивајќи 3 години од мандатот.
Едно од неговите клучни ветувања беше дека ќе работи на општина со почист воздух. Три години потоа Аеродром особено Лисиче руши рекорди по најзагаден воздух. За три години освен мала шминка Златко Марин не изгради ниту еден нов парк и не создаде ниту една зелена површина. Дивите депонии особено тие на потегот на кејот на реката Вардар останаа акутен проблем на општината.
Дополнително во општина Аеродром продолжи да се гради без план но нудејќи вносни бизниси на бизнисмени на власта блиски до Златко Марин. Во Лисиче вчера загаденоста беше 363 ПМ 10 честици на м3, дури два пати повеќе од Карпош втора рангираната општина по загаден воздух. Бројките покажуваат дека Марин не мрднал со малиот прст за еколошка општина Аеродром. Неспособноста на Марин донесе загаден воздух. Затоа граѓаните ќе го казнат Марин.
Ново на Сител
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите