ВМРО-ДПМНЕ: Она што Заев го смета за предност, Македонија ја чини 3.500 загубени животи
Зоран Заев денес ја даде најсрамната изјава за нивната неспособност, дека сме биле во некаква наводна предност затоа што тој и Филипче досега не успеаја да набават вакцини.
„Предноста“ која што ја спомна Зоран Заев Македонија ја чини 3.500 загубени животи.
Поради нивната неспособност и обидите за корона криминал кои Заев ги нарекува „предност“, Македонија е во топ 5 земји по смртност и во најлошите 5 земји по вакцинација.
Во светот предност имаат владите кои имаат одговорни политичари кои веќе со месеци овозможуваат имунизација на населението и спас на човечки животи.
Со ваквите срамни изјави Заев потврдува дека со секоја секунда подолго додека е на власт, Македонија ќе трпи страшни загуби. Македонија ќе дојде во предност кога Заев ќе замине од владата и ќе сноси одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не