ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка за покривање и злоупотреби
СДСМ безобразно ги злоупотребува државните ресурси за задоволување на хедонистичките страсти на сопствените функционери.
Со вакво однесување осиромашуваат граѓаните, а државата е се подалеку од Европската Унија!
Во ниедна директива на ЕУ не е пропишано дека службени возила треба да се користат за превоз на деца на функционери по морските плажи.
Кога може функционер на МВР-Турс да си ја носи ќерката и нејзините другарки на одмор со службено возило што може граѓаните да очекуваат следно?
Дали директорот на ЈСП да си ги носи роднините со градски автобус или Стојанче Ангелов да си земе авион за летување?
Почитувани, Оливер Спасовски четири дена крие што бара службениот полициски џип на плажа во кампот Евридики. Спасовски и СДСМ мислат дека граѓаните се наивни и не знаат каква службена должност може да се извршува во автокампот во кој висок полициски функционер, според информациите во медиумите, имал свој камп приколка.
Согласно уредбите на МВР, полициски службеник кој патува во странство, мора да го најави своето патување и да ги образложи причините за истото. Доколку патува службено, за истото мора да има наредба и патен налог.
Недозволиво е Оливер Спасовски четири дена да крие кои се причините поради кои што потпишал налог и наредба и да не соопштува на јавноста, каква е задачата што службеникот ја извршувал во кампот Евридики.
Недозволиво е да нема образложение кои биле девојките и во каква роднинска врска се со високиот функционер во полицијата? Дали е точно дека една од девојките била ќерка на Директорот на Бирото за јавна безбедност, а останатите биле нејзини другарки?
Недозволиво е да ја манипулираат и потценуваат јавноста дека кесите од продавницата Лидл со кои што е преполн полицискиот џип се државна тајна.
Ова што се случува во МВР-Турс е срамно! Донацијата од ЕУ наменета за поефикасна борба против илегалната миграција да се злоупотребува за превоз на семејствата по грчките плажи е невиден башибозук.
Почитувани, За претворањето на МВР во МВР-Турс мора да има одговорност! Вакво расипништво е недозволиво. Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка за покривање и злоупотреби, а Владата уште на следната седница да го разреши тур-операторот кој во моментов врши должност директор на БЈБ Лазе Велковски.
Европската иднина на Македонија не смее да заврши на грчкото приморје!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
