ВМРО-ДПМНЕ од денеска започнува со протести
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска почнува со најавените тематски граѓански протести.
Протестот најавен за вечер со почеток во 18 часот е против поаскапувањето на струјата.
Според најавите, протестот ќе почне пред зградата на Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.
-Имаме скапа струја, а сиромашен народ, и тоа е првата причина поради која ќе протестираме и поради која ќе излеземе со свои барања. Да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над осум милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во понеделникот, најавувајќи ги протестите.
Ги повика сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци оти е време за обединување и надминување на разликите против оваа власт, која, како што рече, продолжува да се богати врз грбот на народот.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра