ВМРО-ДПМНЕ: Очајот во СДС достигнал толкав степен што веќе не знаат што зборуваат
СДС се партија која лаже и за тоа има судска пресуда. Но позагрижувачки е што СДС почнува да блада. Очајот во СДС достигнал толкав степен што веќе не знаат што зборуваат. Нервозата во СДС расте како што расте антивладиното расположение кај граѓаните.
Македонските граѓани забрзано осиромашуваат, нивото на инфлација е далеку повисоко од земјите во регионот и Европа. Ја Уништија економијата и според релевантните меѓународни извештаи имаме најмал раст на БДП, а од нас полоши се само Русија и Украина кои се во војна.
Дополнително се случува распад на системот во Македонија, а единствено што функционира се организираниот криминал и корупција во највисоките ешалони на власта на Ковачевски. Впрочем затоа околу 60 % од граѓаните сметаат дека со оваа власт Македонија оди во погрешна насока.
Ковачевски и СДС се претворија во коалициски приврзок на ДУИ во власта и се трудат од петни жили на сила да се одржат уште некој месец плус на власт за да украдат уште некој тендер. Но и самите веќе се свесни дека крајот на владеењето им се ближи. Доа време на промени и доаѓа време за одговорност на криминалите на оваа власт.
Ново на Сител
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола