ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го забошотува скандалот Диво месо на Онкологија

Обвинителството се обидува скандалот со Онкологија да го забошоти. После два месеци нема никаква реакција, нема информација, не се отвора истрага, а камо ли пак да се покрене обвинение.
Во јавноста и медиумите, но и на анкетната комисија во Собранието на виделина излегоа грозоморни податоци дека на Онкологија бил создаван вештачки недостаток на лекови, дека се набавувало на ангро скапа терапија од омилената владина веледрогерија, дека лековите биле изнесувани без протокол и без евиденција, дека дел од терапијата завршувал на црниот пазар, дека не се користил софтвер и Като систем кој ќе водел контрола на трошењето на скапата терапија, дека пациентите не биле соодветно третирани, немало термини и уште десетици други застрашувачки податоци.
Овој скандал Диво Месо на виделина ја извади целата канцер мафија која на грбот на најтешко болните се богатела.
И сега наместо да излезе Обвинителство со конкретни имиња кои се виновници, тие молчат и се обидуваат да фрлат дамка на сите за да ги спасат вистинските одговорни. Тоа не е ништо друго туку нова операција “кабелот е крив“.
Ако оваа власт нема волја да ги разоткрие криминалите на клиниката на Онкологија, ако нема интерес овој врв на обвинителството да го разреши скандалот, за многу скоро ќе има промена на власта, по што ќе следи сериозна истрага и одговорност. Одговорност ќе има и за канцер мафијата, но и за сите оние кое ова го дозволувале и го прикривале.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
-

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ - една од најзначајните улици во Чаршијата
