Македонија
18. September 2019 - 16:21

ВМРО-ДПМНЕ објави список од 25 лица вработени во СЈО по линии на непотизам

Роднина или близок на обвинител од специјалнот обвинителство, партиски преку СДСМ или пак, роднина или блозок на судија или обвинителк кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО. Ова, според опозциската ВМРО-ДПМНЕ биле трите основни критерими за вработување во специјалнотот обивнителство на поранешната обивнителка катица Јанева. Партијата на Христијан МИцкоски објави 25 имиња кои според ВМРО-ДПМНЕ биле вработени на овој начин. Токму затоа инсистираат на анектна комисија во парламентот за работата на СЈО.

- Комисијата треба да ја утврди законитоста на постапките при вработување во самото обвинителство, утврдувањето на видливи конфликт на интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари, дневници, додатоци и награди. Имено, во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработувања на членови на СДСМ како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители кои беа дел од тимот на Катица Јанева.

Меѓу нив се внукот од сестра на Јанева Ѓорѓе Делиџиков, девојката на нејзинот син Лазар, ќерката на директорот на Затворот Шутка Есад Рахиќ, како и синот на врховната судијка Лидија Неделкова.

Според ВМРО-ДПМНЕ, вработувале и другите обвинители од СЈО. Така во специјалното обвинителство работеле и двајца први братучеди на обвинителот Гаврил Бубески, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристовска, додека пак, обвинителката Лиле Стефанова го вработила своето кумашинче, воедно и син на Игор Милев, член на ДИК од редовите на СДСМ.

Обвинителката Елизабета Јосифоска пак, си ја вработила керќа си и внукот. Меѓу вработените е зет на министерката Рената Дескоска, како и ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски.

Вработени се и ќерката Коле Штериов од Советот на обвинители,  роднина на судија од паелациониот суд во Гостивар, ќерка на кандидат на пратеник на СДСМ, советник на СДСМ од Крива Паланка, син на судија од Неготино.

За ВМРО-ДПМНЕ сомнителни се и вработувањата на шоферот на Јанева, уште еден шофер од СЈО сопруг на обвинителка, на архитектот и член на СДСМ Мирослав Грчев и на Борче Трајковски, кој бил осудено лице, како и на учесници во Шарената револуција.

Владејачката СДСМ засега го одби формирањето на анкетна комисија за СЈО.

Во меѓувреме продлжуваат преговорите на власта и опозцијата за законот за обвинителство со кој треба да се одреди и судбината на овие вработени, но и за новата организација и надлежности на обивнителството за организиран криминал и корупција.

Од министерството за правда пак, велат дека го добиле предлогот на ВМРО-ДПМНЕ опозцијата да го предлага првиот човек на ова обвинителство. Велат дека тоа е добра основа за понатамошни разговори, исто како и нивниот предлог – власта да може да одреди дали се рбаоти з аподобен кандидат.

Од друга страна вице-премниерот Бујар Османи вели дека законот не е бенџмарк за Брисел да донесе одлука з апочеток на преговори за членство, но би бил добар показател за владеење на правото.

Работните групи на власта и опозицијата треба да седнат на заедничка маса до крајот на работната недела.