ВМРО-ДПМНЕ: Обичните граѓани живеат се полошо
Единствениот економски план на владата е планот за зголемување на банкарските сметки на фирмите на Заеви и на Кочо Анѓушев.
Обичните граѓани живеат се полошо. Додека сите земји во регионот и Европа бележат значителен раст на бруто домашниот производ, Владата предводена од Зоран Коте Заев ја урниса економијата. Со зголемувањето на акцизите, со континуираните задолжувања и расипничкото трошење на народните пари, осиромашуваат и државата и граѓаните.
Најавите за зголемување на даноците се уште еден удар кој ќе значи дополнителен товар кој ќе ги дестимулира младите и успешни луѓе и ќе влијае на влошување на бизнис климата.
Мерките кои ги промовира оваа влада нема да придонесат за раст на економијата и служат само за дефокусирање од неуспесите на економски план и распродажбата на највисоките национални интереси. Постои реален сомнеж дека средствата предвидени од владата, согласно досегашната практика ќе завршат во фирми блиски на СДСМ кои го поддржуваа Заев во неговите антидржавни политики.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи