ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал ја тресе владата на Ковачевски и Ахмети со масовно прислушкување на граѓаните на Македонија
Нов скандал во владата на Ковачевски и СДС, шефот на грчката разузнавачка агенција потврди: ОТА има нацрт договор за користење на шпионски софтвер за прислушкување во Македонија
Откако ВМРО-ДПМНЕ информираше дека директорот на ОТА извршила незаконска набавка на опрема за прислушкување без дозвола од МВР и почитување на Правилникот на Агенција, а за истото Ковачевски како премиер мора да даде согласност, владата на СДС и ДУИ ја тресе нов скандал.
Имено, медиумите пренесуваат дека сега македонската ОТА имала нацрт договор со грчката разузнавачка служба за користење на нелегален софтвер за прислушкување наречен Предатор.
А според информациите дури и шефот на шпионажа на Грција потврдил дека постои драфт договор за користење на шпионски софтвер од страна на Република Македонија.
Во Грција овој нелегален софтвер се користел за прислушкување на грчките политичари, новинари и бизнисмени.
Па оттука го прашуваме Ковачевски дали целта му е преку преслушкување на политичките опоненти, антивладини новинари и луѓе од бизнис заедницата кои ги критикуваат штетните политики на владата да ги уценува и да им се заканува?
Уште во какви други криминални дејствија е вмешана владата на СДС и ДУИ?
Ковачевски свесно ја нарушува приватноста на граѓаните и го крши уставните право на слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење и правото на приватност.
ЈО наместо да работи под директива на Ковачевски, веднаш да реагира и да отвори истрага со која ќе испита зошто е набавена опрема за прислушкување спротивно на законите и процедурите, и зошто ОТА имала драфт договорот со грчката разузнавачка агенција за користење на нелегален софтвер за прислушкување.
Ова е скандал од невидени размери.
Владата на СДС и Ковачевски ќе одговора за злосторничко здружување за масовно прислушкување на граѓаните и злоупотреба на службена положба и институциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени