Македонија
27. May 2018 - 14:28

ВМРО-ДПМНЕ: Нонпејперот го прикажа вистинското светло на чистата препорака

Нонпејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шекеринска за евроатлански интеграции како велеа, најдоцна за 6 месеци!

Велеа: Знаеме како!

Нонпејперот го прикажа вистинското светло на лажната Кристално чистата препорака за отворање на европските преговори!

Нонпејперот и реакцијата на власта по него, ја покажа вистинската игра- дека оваа „ЌЕ влада“ евоатланските интеграции ги сведува само на распродажба на македонските национални и државни интереси.

Нонпејперот ги затвори устите полни со Извештајот на Рајнхард Прибе на актуелната власт! Нема реформи, туку само партизација и злоупотреба на системот. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата „ВМРО е виновно за се” кои ги пласираат, веќе не минуваат. Од ЕУ чекаат реализација на реформите. 
Овој нон пејпер е доказ дека ниту Заев ниту оваа екипа околу него нема капацитет да ги направи суштинските реформи. Единствено поле каде што се бележат прогрес е корупцијата која расте и се институционализира. И Европските лидери го посочуваат дека оваа "ЌЕ Влада" нема намера да го реформира правосудниот систем. Реформи кои нема да дозволат судство за политички монтирани случаи. Реформи против селективно судство кои имаат за цел владеачкиот картел да го заштитат, а сите други кои не размислуваат како нив да ги изложат на политички мотивиран прогон.

Впрочем каде е разрешницата и за случајот со двајцата членови на влада за кои пред 7 месеци се обелодени дека биле осомничени за корупција. Тоа само говори дека оние што се корумпирани, или сомничени за корупција сеуште се на високи државни функции и делото го повторуваат без да бидат санкционирани.

Зоран Заев и неговата свита прокоцкаа цела година на граѓаните и на Република Македонија. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата веќе не им минуваат.

Франција, Холандија, Данска но и другите европски држави не се непријатели на Македонија и не измислуваат. Критиките кои тие ги упатуваат во нон пејперот беа содржани и во извештајот, но за жал ретко кој во медиумите и во експертската јавност имаше храброст и капацитет да ги види и да укаже за истите. Затоа истите критики сега ги гледаме и во овој европски документ.

Почитувани,

Од Европската Унија чекаат реализација на реформите, македонските граѓани чекаат на реформите. Во меѓувреме реформиран е само криминалот, а здравството, економијата, вработувањата, социјалната помош, администрацијата, образованието, чекаат! Заглавени се исто како што се заглавени и низата проекти за подобро утре, оставени од минатата власт, а оваа нема капацитет да ги спроведе.

Наместо напредок и реформи оваа "ЌЕ ВЛАДА" донесе стагнација и уназадување во сите области. Животот кој го ветуваа го заменија со антидржавно и антинародно владеење. Ова веќе не е Влада, ова е јарем околу вратот кој ја турка државата се подалеку од Европа.

Македонија и граѓаните немаат време за губење. Колку побргу си заминете, толку подобро за државата и за нашиот народ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, говорник Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ