ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да каже до каде е случајот за дивоградбата кај Мавровка
Љупчо Николовски го штити криминалот, тој треба да каже до каде е случајот со дивоградбата кај Мавровка?! Или е зафатен со правење бизнис и профити зголемени за 2100%?!
Никој не кажува ништо за случајот со дивоградбата кај Мавровка, одговорност нема, институциите молчат. А Љупчо Николовски како најповикан, е зафатен очигледно со зголемување на профитот на сопствената фирма.
Додека корупцијата цвета, а Македонија се најде на 111 место на листата на корупција на Транспаренси Интернешенал, а Економист не стави во групата на земји, хибридни режими, Љупчо Николовски, кој држи вицепремиерско место за борба против корупцијата е зафатен со зголемување на профитите на својата фирма, кој успеал за една година да го зголеми за 2100%.
Нормално дека немаме поголем ефект на полето во борбата против корупцијата, зголемување на профит на фирма за 2100% е тешка работа, и вицепремиерот Николовски требал да се посвети целосно на тоа. Можеби по примерот на Коста Петров ќе напише и книга и ќе им објасни на македонските стопанственици и граѓани. како во услови на пандемија кога 6200 фирми ставија клуч на врата, а 55.000 граѓани останаа без своето работно место неговата фирма книжи профит зголемени за 2100%?!
Граѓаните имаат право да знаат!
Ја повикуваме уште еднаш ДКСК да не спие, и да отвори случај против Љупчо Николовски за можни злоупотреби на функцијата. Одговорност мора да има.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ