ВМРО-ДПМНЕ: Ние предлагаме електронски попис
Владата и ДЗС се неспособни да организираат попис, решение е електронски попис.
Срамно и неодговорно е на една недела пред официјалниот почеток на пописот да не се знае кој ќе биде попишувач.
Власта ја води целосно аматерски постапката околу организација на пописот. Прво велеа дека се е завршено, а сега се жалат дека нема попишувачи. Зошто и кога лажат?
Дополнително целата ситуација ја влошува 4 бран на КОВИД 19, кој исто така е толку голем поради неспособноста на власта.
ВМРО-ДПМНЕ предлага ситуацијата да се реши со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, со тоа ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации.
Пописот е важна статистичка операција и не смее да трпи поради аматеризмот на власта. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност