Македонија
1. October 2015 - 19:23

ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата и стравот од пораз на изборите е се повидлив во СДСМ

Се повидлива е нервозата и стравот од пораз на изборите што владее во СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев во врска со преговорите за изборниот законик. 

- Како се ближи април СДСМ се повеќе ќе бара изговори, и ќе заговара решенија со кои ќе сака да ја покрие слабата поддршка од граѓаните. Ова сценарио е веќе видено и осудено на пораз со кој очигледно одамна се помирени во СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата воедно оценуваат и дека Заев денеска ја надоградил една од најголемите лаги на СДСМ за по еден вработен од секое семејство со новите ветувања дека ќе обезбеди приход од по 850 евра за секое семејство.

- Откако СДСМ доживеа фијаско со лагата за по еден вработен од секое семејство, стратезите на оваа партија сакаат упорно да покажат дека не учат од сопствените грешки и влегуваат од лага во лага, овој пат за по 850 евра приход за секое семејство. Ниту Заев и СДСМ ќе обезбедат средства ниту пак СДСМ може воопшто да креира средна класа. Со повторувањето и проширувањето на лагите е јасно дека ниту најголемите оптимисти од раководството на СДСМ не очекуваат победа на престојните избори, па сакаат со вакви максимално популистички ветувања без покритие да земат колку што можат од фондод на гласачи во Македонија, бесрамно лажејќи го сопствениот народ во очи, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, безидејноста и недостатокот на конкретни решенија на СДСМ ги тера во очај да измислуваат вакви нереални и неискрени солуции за подобрување на стандардот на граѓаните во Македонија.